Втората фаза од ревитализацијата на хидроцентралите Вруток, Равен, Врбен, Шпилје, Глобочица и Тиквеш ќе чини 38,3 милиони евра. За таа цел „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) обезбеди 27,1 милиони преку заем од германската KФВ банка, а 11,2 милиони се сопствени пари. Со ревитализацијата се предвидува продолжување на животниот век на електраните и на нивните придружни објекти, зголемување на сигурноста, доверливоста и инсталираната моќност за 18,1 мегавати, како и дополнително годишно производство од околу 50 гигават-часови електрична енергија. Втората фаза од ревитализацијата предвидува замена на застарената и истрошена хидро-механичка, машинска и електроопрема, интервенции во градежниот дел на хидроцентралите и нивните придружни објекти, инсталирање дополнителна опрема во делот за автоматизација на процесот на производство на електрична енергија и за набљудување на стабилноста и на сигурноста на браните.
Втората фаза од ревитализацијата на хидроцентралите Вруток, Равен, Врбен, Шпилје, Глобочица и Тиквеш ќе чини 38,3 милиони евра.
За таа цел „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) обезбеди 27,1 милиони преку заем од германската KФВ банка, а 11,2 милиони се сопствени пари.
Со ревитализацијата се предвидува продолжување на животниот век на електраните и на нивните придружни објекти, зголемување на сигурноста, доверливоста и инсталираната моќност за 18,1 мегавати, како и дополнително годишно производство од околу 50 гигават-часови електрична енергија. Втората фаза од ревитализацијата предвидува замена на застарената и истрошена хидро-механичка, машинска и електроопрема, интервенции во градежниот дел на хидроцентралите и нивните придружни објекти, инсталирање дополнителна опрема во делот за автоматизација на процесот на производство на електрична енергија и за набљудување на стабилноста и на сигурноста на браните.
- Ревитализацијата нема да значи само класично зголемување на производството на електрична енергија, туку ќе го подобри и управувањето на целиот систем и ќе го скрати времето за ремонтни активности и за отклонување на евентуалните дефекти. Тоа ќе овозможи да нема застои при ремонтните активности или при некоја хаварија и поголем испад - изјави Дејан Бошковски, генерален директор на ЕЛЕМ.
Првата фаза од ревитализацијата на шесте хидроцентрали, кога беа заменети турбините, е завршена во периодот од 2001 до 2003 година. Со втората фаза се менуваат четирите генератори на ХЕЦ „Вруток“ и регулациските трансформатори во „Вруток“ и „Равен“, топчести затворачи, аерациони вентили, систем за подмачкување на лежишта, надградба на брана во Леуново. Паралелно се работи на ревитализацијата на сите шест хидроцентрали.
- По целосното завршување на работите, „Вруток“ ќе произведува дополнително количество електрична енергија во вредност од четири до пет милиони евра. Тоа значи дека со истото количество енергија и со истата опрема ќе имаме дополнителни приходи - истакна Бошковски.